Македонија За еден ден полицијата казнила 764 возачи кои возеле пребрзо

За еден ден полицијата казнила 764 возачи кои возеле пребрзо

Дваесет и девет од казнетите се движеле со повеќе од 50 километри на час над дозволеното, а две возила се движеле со 70 километри на час над дозволеното

Извор на фотографија: МВР

Вчера полицијата фатила и казнила дури 764 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека на 02 јули 2023 година ивршиле засилена акциска контрола на територијата на целата држава.

Од возилата кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 29 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а санкција за движење со дури 70 километри на час над дозволената брзина добиле две возила. Притоа 402 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 362 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли се најавуваат да продолжат и во текот на наредните денови.Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници на сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.