Свет Балкан За два месеци, убиени се 19 цивили во Турција

За два месеци, убиени се 19 цивили во Турција

Во последните два месеци, во терористички напади во Турција, убиени се 19 цивили од кои три се деца. Нападите, главно, биле во Источна и во Југоисточна Турција.

Одговорни за нападите се припадници на Курдската работничка партија (ПКК) и на младинското крило на ПКК – Движење на патриотската револуционерна младина и на левичарската екстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.