Македонија За четири месеци низ земјава поминале речиси 162.000 мигранти

За четири месеци низ земјава поминале речиси 162.000 мигранти

Во изминатите четири месеци, односно од почетокот на издавањето на потврдите за искажана намера за барање азил, до денеска, вакви документи им биле издадени на вкупно 161.692 мигранти, кои транзитирале низ територијата на земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Изминатите 24 часа, потврди, според МВР, им биле издадени на вкупно 3.257 мигранти, од кои 1.569 се сириски државјани.

Во истиот период, до одделението за азил не било доставено ниту едно барање за признавање на правото на азил, со што бројот на мигранти што побарале да останат во земјава, во овие четири месеци, изнесува 70 лица.