Свет За Божиќ во Чикаго ранети 40 лица, 12 загинати

За Божиќ во Чикаго ранети 40 лица, 12 загинати

Божиќниот викенд во Чикаго оваа година беше рекорден по бројот на ранувања од огнено оружје. Дури 40 лица беа ранети, а од нив 12 починале.

Чикаго веќе некое време е под лупа поради зголеменото насилство во градот, а од локалната полиција изјавија дека причината за тоа се зачестените судири помеѓу бандите.

При рацијата, за време на божиќниот викенд, полицијата запленила и 45 пиштоли, што исто така преставува поголем број од вообичаено.

Во август оваа година во Чикаго имало 78 убиства, што е најголем број од 1997 година. Во Чикаго има повеќе убиства отколку во Њујорк или Лос Анџелес.

Бројките покажуваат дека до 1 декември во Чикаго биле убиени повеќе од 700 лица, што ја прави 2016 година рекордно насилна. Забележан е и пораст од 58 отсто во бројот на убиства и 48 отсто во бројот на пукања.