Дописници За 8 Март, Охрид ќе блесне во женска убавина

За 8 Март, Охрид ќе блесне во женска убавина

Престојниов викенд и в понеделник, за 8 Март, Охрид ќе блесне во женска убавина. Традицијата на организирана прослава за Денот на жената, не се напушта, напротоив, се засилува. Тоа го покажуваат многубројните понуди од хотелите на охридската ривиера.
Дел од хотелите, искористувајќи го празничниот викенд, нудат дводневни, но и тридневни аранжмани за припадничките на понежниот пол.
– Дојдете прославете го празникот на жената во одлична атмосфера, сосема реновиран ресторан, веќе докажано одлично мени и забава на ниво – повикуваат од хотелот „Амбасадор“ од Охрид.
Хотел „Ројал вју“, пак, годинава нуди поинакво мени, а во рамки на постите, за припадничките на православната вероисповест, од овој хотел за прославата на 8 Март нудат специјално гурманско посно мени.
За музиката во хотел „Силекс“ годинава за Денот на жената, ќе се погрижат членовите на фолк-групата „Биоритам“. Главната прослава во хотел „Силекс“ е на 7 март.