Македонија За 24 часа 1.988 бегалци и мигранти влегле во Македонија

За 24 часа 1.988 бегалци и мигранти влегле во Македонија

Во текот на вчерашниот ден, издадени се потврди на вкупно 1.988 странски државјани, од кои 802 се од машки пол, 441 се од женски, 745 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.269, Авганистан – 435 и на Ирак – 284.

Од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 33.617 странски државјани. Во тој период до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на шест малолетни лица, од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.