Свет Балкан Вучиќ: Во приказните за „голема Албанија“ е вмешана странска служба

Вучиќ: Во приказните за „голема Албанија“ е вмешана странска служба

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека секојдневните изјави на албанските политичари за создавање на „голема Албанија“ е последица на добро координирана акција и дека српските служби за безбедност „нашле траги“ на заедничко дејствување на најмалку една странска служба со разузнавачките служби од Тирана и од Приштина.

Вучиќ во Лесковац изјави дека само се поставува прашањето дали Албанците дејствуваат сами или во координација со некој од „нашиот или од некој друг континент“ и која е нивната крајна цел.

Тој рече дека постои можност Албанците секојдневно да ја спомнуваат „голема Албанија“ бидејќи сакаат таа идеја да се легитимизира, сите да се навикнат на тоа и да стане нормално да се зборува за тоа, а никој да не реагира.

Вучиќ изрази благодарност до еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика Јоханес Хан, за неговата реакција на овие изјави, бидејќи, како што рече, тоа беше многу важно.