Свет Балкан Уште еден случај на самозапалување во Бугарија

Уште еден случај на самозапалување во Бугарија

Амбулантно возило

Четириесет и осумгодишен маж се самозапали во бугарскиот град Сандански, еден ден откако жена во Софија го направи истото пред канцеларијата на претседателот на Бугарија.

Мажот, кој се запалил од засега непознати причини, се наоѓа во болница и неговата состојба е критична, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во критична состојба е и жената, која вчера се запали пред канцеларијата на претседателот Росен Плевнелиев. За време на инцидентот, во зградата се одвивале разговори за формирање нова влада по неизвесните резултати од минатомесечните избори.

Пролетта 2013 година, седум лица се самозапалија во Бугарија во знак на протест поради нискиот стандард и сомнежите за корумпираност на бугарската политичка елита.