Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло.

Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и западен ветер.
Минималната температура ќе се движи од од 7 до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 20, односно до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево, со локална облачност и топло. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи до 13 Целзиусови степени, а максималната дневна до 27 Целзиусови степени.