Македонија Времето утре свежо со слаб дожд

Времето утре свежо со слаб дожд

Утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со слаби локални врнежи од дожд.

УВ-индексот ќе биде 6. Температурата ќе се движи од 16 Целзиусови степени на западот на земјата, 22 степени во Битола, 23 степени во Охрид и во Струга, 25 степени во подрачјето на Неготино и на Кавадарци, 18 степени во Берово и 19 степени во Крива Паланка, до 26 степени во Дојран, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Дождот ќе паѓа претежно во крајните западни, северни и североисточни подрачја во Македонија. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и в понеделник со малку послаб интензитет.

Во текот на следната недела времето ќе биде сончево со умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст.