Македонија Сончево време со температура до 25 степени

Сончево време со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб ветер, претежно од северозападен правец. Утринската температура во земјава ќе се движи во интервал од 4 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб ветер, претежно од северозападен правец. Утринската температура измерена во главниот град е 11 Целзиусови степени, а највисоката дневна ќе достигне до 25 степени.