Македонија Времето претежно стабилно, вечерва и ноќеска со дожд

Времето претежно стабилно, вечерва и ноќеска со дожд

Во поголем дел од земјава времето денеска ќе биде стабилно и суво. Попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот, почнувајќи од западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места и ќе се интензивираат.

Утринската температура се движи во интервалот од 6 до 13 Целзиусови степени,  а дневната ќе изнесува меѓу 18 и 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 11 Целзиусови степени и дневна до 27 степени.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе има ретка појава на грмежи. В недела ќе биде претежно стабилно и суво, а од понеделник во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.