Македонија Сончево време со локална умерена облачност

Сончево време со локална умерена облачност

Во Македонија времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 19 и 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температура ќе се движи од 7 до 23 Целзиусови степени.

До петок следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. В сабота под влијание на нов влажен бран, времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, кој ќе донесе значително заладување за десетина степени.