Македонија Времето денеска топло со температура до 38 степени

Времето денеска топло со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност и со слаб ветер. Попладне, на крајниот запад ќе има услови за краткотрајна нестабилност. УВ-индексот ќе има висока вредност 9.

Максималната дневна температура ќе достигне меѓу 27 во западните делови и 38 Целзиусови степени во централните и во јужните региони.

Особено топлото време во текот на викендот ќе продолжи и на почетокот на следната седмица, кога дневната температура во делови од Повардарието ќе надмине и 40 Целзиусови степени.

Со топлотен бран од жолта (алертна) фаза денеска е зафатен охридско-преспанскиот регион. Од утре до вторник се очекува територијата на цела држава да биде зафатена со температура до 40 Целзиусови степени, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.