Македонија Времето денеска сончево, со температури до 24 степени

Времето денеска сончево, со температури до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен и југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 12 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе бидат во интервалот од 16 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со температури од 8 до 23 Целзиусови степени.

Во текот на претстојниот продолжен викенд, времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер и со мало покачување на дневните температури.