Македонија Сончево и топло, со температура до 36 степени

Сончево и топло, со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 29 до 36 Целзиусови степени, а УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 35 Целзиусови степени.