Македонија Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Следува период на претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време. Максималната температура на повеќето места ќе надминува 30 Целзиусови степени, а долж Повардарието ќе изнесува и повеќе од 35 степени. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток.

Минималната дневна температура ќе се движи од 7 до 14 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени.

Во Скопје и во околината ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со максимална дневна температура до 30 Целзиусови степени.