Македонија Времето денеска сончево со локална облачност и ветровито

Времето денеска сончево со локална облачност и ветровито

Утрата во Македонија се свежи, со температурa која се движи од 4 до 14 Целзиусови степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветар, а во западните и во источните предели ќе дува умерен североисточен ветар.

Во Скопје, денеска ќе биде претежно сончево и потопло, а ќе дува и умерен северозападен ветар.

Минималната температура ќе биде 11 Целзиусови степени, а максималната дневна до 25 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.