Македонија Времето денеска сончево претпладне, нестабилно попладне

Времето денеска сончево претпладне, нестабилно попладне

Времето денеска ќе биде сончево претпладне, но нестабилно и облачно во попладневните часови. Врнежи, проследени со умерена појава на грмежи се очекуваат во поголем дел од земјава, но пред се во северните и западните краишта.

Максималната вредност на температурата ќе биде 28 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува сончево време претпладне и умерена облачност попладне. Врнежите се очекуваат попладне но без поголеми услови за особен интензитет. Максилманата дневна температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени.