Македонија Времето денеска сончево, но попладне локален дожд

Времето денеска сончево, но попладне локален дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има повремен локален дожд, со ретки грмежи, особено во источните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Температурата ќе достигне 30 Целзиусови степени.