Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност во планинските региони на југозапад.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 30 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени, а дневната до 28 степени.