Македонија Времето денеска сончево и студено

Времето денеска сончево и студено

Времето денеска ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти меѓу минус 14 и минус 6 Целзиусови стпени, а дневната ќе достигне од 4 до 9 степени.

Најстудено е во Берово со измерени минус 9 Целзиусови степени, а во Куманово, Струмица, Демир Капија и во Битола беа измерени минус 8 степени.

Во Скопје преовладува слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе се искачи до 7 степени.