Македонија Времето денеска сончево и студено

Времето денеска сончево и студено

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено. Дневната температура ќе се искачи до 8 Целзиусови степени.