Македонија Времето денеска сончево и студено

Времето денеска сончево и студено

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и студено, на повисоките места ќе има слаб ветер од променлив правец, а во одделни котлини со утринска слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од -9 до 0 Целзиусови степени.

Во текот на денот ќе имаме претежно сончево време, со слаба утринска магла во некои котлини. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 13 Целзиусови степени.