Македонија Времето денеска сончево и студено

Времето денеска сончево и студено

Времето денеска ќе биде сончево и студено. Ќе дува повремен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 1 Целзиусов степен, а дневната ќе се искачи од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, со максималната дневна температура од 9 Целзиусови степени.

Утре и на почетокот од следната недела, под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса, ќе се задржи стабилно и суво време. Температурата ќе биде во благ пораст. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на дневната температура и услови за слаби локални врнежи од снег и од дожд.