Македонија Времето денеска сончево и потопло со слаб ветер

Времето денеска сончево и потопло со слаб ветер

Времето денеска е сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен и од североисточен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 Целзиусови степени.

Утринава најстудено беше во Маврово и во Лазарополе, каде беа измерени минус 6 Целзиусови степени, а најтопло во Дојран каде температурата достигна 2 степени.

Највисока снежна покривка има во Лазарополе – 61 сантиметар. Во Маврово има 55 сантиметри снег, а во Пожаране – 31 сантиметар.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од минус 8 до минус 1 Целзиусов степен, а највисоката дневна температура ќе се искачи до 4 степени.