Македонија Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до минус 2 Целзиусови степени, а дневната од 7 Целзиусови степени по одделни котлини до 15 степени во крајните југоисточни делови од земјава.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до минус 2 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 8 степени.