Македонија Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со локална облачност. Во утринските часови се очекува појава на слаба магла, но и ниска температура која ќе се движи во интервал од минус 8 до 1 Целзиусов степен. Ќе дува слаб до умерен северозападен и западен ветер.

Максималната дневна температура ќе биде во пораст и ќе достигне 15 Целзиусови степени.

Во Скопје во утринските часови се очекува појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 2 Целзиусови степени, додека максималната дневна температура ќе достигне 11 степени.