Македонија Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.  На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со утринската температура до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до 24 степени.