Македонија Времето денеска сочнево и топло, УВ-индексот ќе достигне 9

Времето денеска сочнево и топло, УВ-индексот ќе достигне 9

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура се движи од 12 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 31 до 37 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе преовладува слично време, сончево и потопло, со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. Во вторник и в среда се очекува температурата да достигне и до 40 Целзиусови степени.