Македонија Времето денеска релативно топло, попладне можен дожд

Времето денеска релативно топло, попладне можен дожд

Преку ноќта и изутринава времето беше умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дуваше умерен ветер од јужен правец, кој во Битола достигнуваше брзина до 60 километри на час.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови, како и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен. Максималната температура ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаба магла, а кон крајот на денот со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени.