Македонија Времето денеска променливо облачно, утре дожд

Времето денеска променливо облачно, утре дожд

Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура температура ќе се движи од 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и максималната температура од 19 Целзиусови степени.

Од утре под влијание на влажна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе дожд ќе има во источните делови од земјата.