Македонија Времето денеска променливо облачно

Времето денеска променливо облачно

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 25 степени.