Македонија Времето денеска променливо облачно и студено

Времето денеска променливо облачно и студено

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утрово најниска температура беше измерена во Берово минус 11 Целзиусови степени, во Штип и во Демир Капија минус 8 и во Струмица минус 7 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и претежно тивко време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се искачи до 8 Целзиусови степени.