Македонија Времето денеска облачно со врнежи од дожд

Времето денеска облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните и во јужните делови на земјата.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 7 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе се движи од 5 до 14 степени.

Ќе дува умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните делови – умерен југозападен ветер.