Македонија Времето денеска облачно со услови за дожд и за снег

Времето денеска облачно со услови за дожд и за снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот во западните делови ќе врне повремен локален дожд, кој на планините и на некои повисоки места ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, облачно со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 10 степени.