Македонија Времето денеска облачно, со повремен дожд

Времето денеска облачно, со повремен дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно, со подолги сончеви периоди и со повремен локален дожд, особено во југоисточните делови од земјава.

Температурата утринава ќе се движи од 5 до 16 Целзиусови степени. Дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 Целзиусови степени.

Времето во Скопје се очекува да биде променливо со сончеви периоди, а температурата ќе се движи во интервал од 14 до 24 Целзиусови степени.