Македонија Времето денеска облачно со пороен дожд

Времето денеска облачно со пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 32 Целзиусови степена.
УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде 17, а дневната ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.