Македонија Времето денеска облачно, попладне со услови за пороен дожд

Времето денеска облачно, попладне со услови за пороен дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно, со пороен дожд и со грмежи, наместа во форма на невреме. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта, особено во јужните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со зголемена облачност и со нестабилност, со појава на пороен дожд и на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе изнесува до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 28 степени.