Македонија Времето денеска облачно и врнежливо

Времето денеска облачно и врнежливо

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со локален дожд, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи, особено на истокот. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Попладне, пак, се очекува облачно време, со умерен, а повремено пороен дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе биде околу 15 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 24 степени.