Македонија Времето денеска облачно и врнежливо

Времето денеска облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во утринските и претпладневните часови на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи, локално над 20 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во источните делови ќе има и појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен правец.

Дневната температура ќе изнесува меѓу 10 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, особено претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен претежно западен ветер.

Температурата ќе биде помеѓу 9 и 13 Целзиусови степени.

Во наредниот период ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најсончево, потопло и претежно стабилно ќе биде само в четврток.