Македонија Времето денеска облачно и свежо

Времето денеска облачно и свежо

Времето денеска ќе биде умерено облачно, ветровито и посвежо, а температурата ќе биде во опаѓање. Во попладневните часови постојат услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен и североисточен ветер, а во делови од западните предели и засилен западен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 14 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно, со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.