Македонија Времето денеска облачно и потопло

Времето денеска облачно и потопло

Времето денеска ќе биде облачно, а во крајните југозападни делови од земјава сончево. Во Струмичко и во Штипско има слаби врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Според УХМР, ќе преовладува променливо облачно време, со сончеви периоди. Во југоисточните делови, претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд и од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, со дневна температура до 6 Целзусови степени.