Македонија Времето денеска многу топло со температура повисока од 40 степени

Времето денеска многу топло со температура повисока од 40 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22 Целзиусови степени, а дневната од 34 до 41 степен.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи околу 20 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 40 степени.