Македонија Времето денеска ќе биде ветровито и студено

Времето денеска ќе биде ветровито и студено

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево, ветровито и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на повисоките места, каде ќе достигнува брзина и од 80 километри на час.

Температурата ќе се движи од нула до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 3 Целзиусови степени.