Македонија Времето денеска дождливо и со засилен ветар

Времето денеска дождливо и со засилен ветар

Времето во Македонија претпладне ќе биде нестабилно, со локален краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и со засилен ветер, особено во северните и во западните делови од земјава. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 32 степени.

Во Скопје, претпладне времето ќе биде нестабилно со локален краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и со засилен ветер. Во попладневните часови се очекува постепено стабилизирање на времето.

Утринска температура ќе се движи околу 12 Целзиусови степени, дневната ќе достигне до 30 степени.