Македонија Променливо облачно време, со врнежи од дожд

Променливо облачно време, со врнежи од дожд

Облачно и претежно врнежливо време не очекува во текот на викендот. Во раните утрински часови врнежите ќе бидат поконцентрирани во западниот регион од земјава, а околу пладне постепено ќе се шират и кон централниот дел од земјата.

Во попладневните часови позначајна ќе биде локалната нестабилност, пред сè во јужните делови од земјата, а овие процеси на нестабилност повремено се очекува да донесат засилување на интензитетот на врнежите, на места проследено и со грмежи.

Разведрувањето ќе настапи уште вечерва.

Се очекува максималните дневни температури ќе се движат од 19 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени, а максималната до 20 степени.