Македонија Времен режим на сообраќај поради градежни активности кај мостот „Беласица“

Времен режим на сообраќај поради градежни активности кај мостот „Беласица“

Денеска ќе се вршат градежни активности за реконструкција на улицата „Никола Карев“, на потегот од мост „Беласица“, до крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“

Фото: Град Скопје, септември 2023

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, денеска ќе вршат градежни активности за реконструкција на улицата „Никола Карев“, на потегот од мост „Беласица“, до крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“.

„Поради изведба на градежните активности за асфалтирање во периодот од 10 до 14 часот, ќе биде воведен времен режим на овој потег. Потоа ќе продолжи асфалтирањето на крстосницата од 18 до завршување на градежните активности. На целиот потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација“, информираат во претпријатието.

Веќе извесно време се поставуваат нови цевки од топловодот на мостот. Во АД ЕСМ уверуваа дека цевководот ќе биде целосно функционален и ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на град Скопје.