Македонија Вработените во „Југохром“ утре ќе го блокираат патот Скопје – Тетово

Вработените во „Југохром“ утре ќе го блокираат патот Скопје – Тетово

Утре, од 11 до 13 часот, вработените на „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово – Скопјке, кај наплатната рампа во Желино, во двата правца, поради, како што велат, неоправдано исклучување на печките од погон.

Протестот ќе го организира синдикалната организација „Југохром Алзар“, известија оттаму.