Македонија Вработените на „Вест“ го поддржаа проектот „Македонија вработува“ пред седиштето на МПМ

Вработените на „Вест“ го поддржаа проектот „Македонија вработува“ пред седиштето на МПМ

Новинарите на дневниот весник „Вест“, кој го издава фирмата „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) денеска, точно напладне, пред седиштето на компанијата, излегоа облечени во маички на кои пишува „Македонија вработува“. Како што самите велат, тие сакаат да ја искористат познатата синдикална мерка за искажување незадоволство од плановите на менаџментот за намалување на платите и од најавата за отпуштање новинари од работа.

Тие истакнуваат дека не станува збор за никаков протест или штрајк и напоменуваат дека утрешниот број на весникот ќе излезе редовно во прдажба.

Вработените не даваа изјави и велат дека на маиците пишува сè и дека ова може да се толкува како генерална проба пред прославувањето 15 години од постоењето на „Вест“, со кое сакаат да дадат поддршка на проектот за поттикнување на приватните фирми да вработуваат луѓе.